Челси конечно се ослободи од играчот со најголема плата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси донесе одлука да стави крај на соработката со Рахим Стерлинг, со што поранешниот англиски репрезентативец повеќе не е дел од тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Иако важеше за еден од најплатените фудбалери во клубот, Стерлинг не успеа да се избори за значајна улога кај тренерите Енцо Мареска и Лиам Росениор, што ја забрза одлуката за разделба. Клубот процени дека продолжување на соработката нема да донесе посакуван ефект, па двете страни тргнаа по различни патишта.

Стерлинг пристигна во Челси во 2022 година како звучно засилување од Манчестер сити, но по три ипол сезони во Лондон, сега повторно е пред нов предизвик и потрага по следната станица во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×