198
Германскиот гигант Баерн Минхен тргна по потписот на англискиот репрезентативец Кол Палмер, кој наводно не е целосно задоволен од ситуацијата во Челси.
Причина за незадоволството е можноста лондонскиот клуб да остане без пласман во Лигата на шампионите. Токму тоа Баерн сака да го искористи и веќе подготвил понуда вредна 100 милиони евра.
Челси засега не покажува намера да се раздели со својата најголема ѕвезда, но интересот од Минхен дополнително ја комплицира ситуацијата.
Палмер пристигна од Манчестер Сити во 2024 година и досега има 122 настапи со учинок од 31 гол и 31 асистенција.