Челси испрати понуда од 50 милиони евра за играч на Барса, каталонскиот клуб размислува дали да прифати!

by riste
0 минути читање

Според шпанските медиуми, Челси испратил примамлива понуда до Барселона за Фермин Лопез, големи се шансите таа да биде прифатена.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека лондонскиот клуб испратил понуда од 50 милиони евра за Лопез.

Во некоја нормална ситуација Барселона веројатно би ја одбила понудата, но во овој момент ѝ се потребни пари за да ја ублажи финансиската криза.

Информациите се дека Барса ја студира понудата и го подготвува одговорот. Големи се шансите Фермин Лопез веќе да го одигра последниот меч во црвено-синиот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×