Како што пренесува Сан, ниту еден клуб не пројавува сериозен интерес за ангажман на Бен Чилвел од Челси, левиот бек не е во плановите на тренерот Енцо Мареска и оваа сезона одигра само 45 минути.
Минатата недела, Енцо Мареска порача дека очекува во јануари да си заминат неколку играчи и меѓу нив го вброи Бен Чилвел.
Левиот бек не е дел од плановите на тренерот и оваа сезона шанса доби само еднаш, одигра 45 минути во Лига купот.
Но како што пренесува Сан, „сините“ ќе имаат мака да се ослободат од Англичанецот во зимскиот преоден рок, до овој момент ниту еден клуб не пројавил сериозен интерес.
Ова е проблем за Челси со оглед на тоа што Бен Чилвел има неделна плата од околу 200.000 фунти, огромна сума за фудбалер за кој нема место ниту на клупата и дреме на трибини.