Челси и Баерн ќе прават чудна трампа, ќе разменуваат фудбалери кои не играат

by bojan
1 минути читање
Нкунку

Челси и Баерн Минхен опипуваат терен за размена на Кристофер Нкунку и Матис Тел, двајцата фудбалери имаат прилично ограничена минутажа и не добиваат шанса да покажат што умеат.

Кристофер Нкунки и Матис Тел не се задоволни од улогата која имаат оваа сезона, но наскоро можат да добијат излез од ситуацијата.

Челси и Баерн опипуваат терен за чудна трампа со која Матис Тел ќе заврши во Лондон, а Кристофер Нкунку во Минхен.

Во моментов само се собираат информации за тоа колку е изводлива една ваква зделка, но како што пренесува Скај Спорт Германија, Баерн Минхен е прилично сериозен во намерата за ангажман на Кристофер Нкунку и ќе инсистира на негов ангажман и во посебна трансакција.

Французинот блескаше во дресот на РБ Лајпциг и Бундеслигата, но неговата кариера стагнира по преселбата во Челси во јуни 2023, во зделка вредна околу 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани