Челси го суспендира Енцо Фернандез, и тоа за клучен натпревар!

by bojan
1 минути читање

Челси реши да го суспендира Енцо Фернандез на два натпревари, казната е поради коментарите на Аргентинецот за својата иднина и најавите дека заминува од Стемфорд Бриџ.

Тренерот на Челси, Лиам Росениор попладнево соопшти дека еден од капитените, Енцо Фернандез ќе биде суспендиран на два натпревари, клубот донел ваква одлука поради изјавите на Аргентинецот за својата иднина и најавите дека заминува од Стемфорд Бриџ.

„Зборував со Енцо, како клуб донесовме одлука и тој утре нама да биде на располагање, како и против Манчестер Сити следната недела“ – рече Лиам Росениор на средбата со новинарите.

„Разочарувачки е тој да коментира на таков начин. Како личност и карактер, немам лош збор за него, но сметам дека ја премина границата во однос на вредностите кои ги негуваме, па затоа моравме да го санкционираме – тоа е заедничка одлука што ја донесовме“.

Енцо Фернандез изминатиов период во неколку наврати говореше за својата иднина и меѓу редови кажа дека сака да се пресели во Реал Мадрид.

По неговите изјави се појавија гласини дека соблекувалната на Челси се повеќе е иритирана од однесувањето на Аргентинецот.

Челси одби да му прогледа низ прсти, и повлече потег кој може и скапо да ги чини во битката за Лигата на шампиони, ќе играат против Манчестер Сити без еден од своите најдобри играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×