Челси го промовира првото засилување во ерата на Росениор

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси го официјализираше првото засилување во ерата под новиот тренер Лиам Росениор, откако лондонскиот клуб потврди дека потпишал договор со младиот Јиса Алао.

Седумнаесетгодишниот фудбалер доаѓа од редовите на Шефилд Венздеј и се обврза на соработка со „сините“ до јуни 2028 година. Алао потекнува од младинската школа на Шефилд, а веќе има и настапи за сениорскиот тим, за кој одигра четири официјални натпревари.

Во Челси веруваат дека станува збор за голем талент со сериозен потенцијал за развој, па трансферот се вклопува во стратегијата на клубот за инвестирање во млади играчи.

Лондонскиот тим во моментов се наоѓа на петтото место на табелата во Премиер лигата со 37 бодови и се обидува да фати приклучок со водечките екипи во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×