Челси го потврди засилувањето од 60 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Челси денеска и официјално го претстави своето најново засилување, Џејми Гитенс, кој на „Стемфорд Бриџ“ пристигнува од редовите на Борусија Дортмунд за трансфер вреден 60,3 милиони евра.

Договорот меѓу двете страни бил финализиран во САД, каде што Челси и Дортмунд настапуваат на Светското клупско првенство. Иако интерес за младиот напаѓач постоел и од Баерн Минхен, Гитенс се решил да ја продолжи кариерата во англиската Премиер-лига.

Во минатата сезона тој настапи на 48 натпревари за германскиот клуб, притоа постигнувајќи 12 голови и запишувајќи пет асистенции. Со Челси потпиша долгорочен договор кој ќе важи до 2032 година.

„Прекрасно е чувството да се биде дел од ваков голем клуб. Челси е вистински предизвик за мене, и со нетрпение очекувам да се приклучам на тимот, да учам и напредувам. Убеден сум дека оваа одлука ќе биде важен чекор во мојата кариера“, изјави 19-годишниот фудбалер по потпишувањето на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×