Челси го победи Фулам со две спорни одлуки на ВАР (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Челси со 2-0 славеше против Фулам на отворањето на 3. коло во Премиерлигата, но гостите сигурно ќе има што да кажат откако две спорни одлуки на ВАР беа во корист на „сините“.

Локалното дерби помеѓу Челси и Фулхам заврши со победа на домаќините, момците на Мареска победија со 2-0.

Резултатот беше отворен длабоко во судиското надополнување на првиот дел, по еден корнер, Жоао Педро најдобро се снајде и со глава ја затресе мрежата.

„Сините“ ги осигураа трите бода по десетина минути игра во вториот дел, Енцо Фернандез погоди од белата точка за 2-0.

Но мечот донесе доста полемика, Фулам поведе со 0-1 на средината од првото полувреме, но голот беше поништен со помош на ВАР откако Мунуз ненамерно го нагазна Чалоба на средината од теренот.

Пеналот со кој Челси поведе со 2-0 исто така беше досуден со ВАР поради играње со рака, но нејасно е како не беше забележано и санкционирано играњето со рака на Жоао Педро пет секунди претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×