Челси го победи Брентфорд и се доближи до Ливерпул, Тотнем му даде пет гола на Саутемптон (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Челси ја продолжи победничката серија, овојпат со 2-1 го совлада Брентфорд, Тотнем со убедливи 5-0 славеше на гостувањето кај последнопласираниот Саутемптон.

Челси ги искористи киксовите на Арсенал и Ливерпул, па со победата на Брентфорд од топчиите се одалечи, а до црвените се приближи. Сега има само два бода зад Ливерпул, но тимот од Енфилд има и меч помалку.

Резултатот на Стемфорд Бриџ го отвори Кукуреља со глава во финишот од првото полувреме.

Во 80. минута Џексон зголеми на 2-0. Десет минути подоцна Мбеумо даде гол за 2-1 и интересен финиш на мечот, но тоа беше се што направија гостите.

Тотнем го растури Саутемптон со 5-0, сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Серијата ја отвори и ја затвори Медисон, а во меѓувреме голови дадоа и Сон, Кулушевски и Сар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани