Челси го купи за 80 милиони, а тој е „вечно“ повреден – заврши сезоната за скапиот стопер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси во изминатите години трошеше неброено на фудбалери кои вредат и не вредат. Една од спорните аквизиции беше Весли Фофана, тогашниот стопер на Лестер кој блесна во Премиер лигата, а потоа „сините“ го купија за 80 милиони евра (двојно од проценетата вредност на играчот).

Сепак, оттогаш Фофана не може глава да крене од повреди. Тој пристигна во Лондон на 31 август 2022 година, а оттогаш досега пропушти 508 денови или 86 натпревари на Челси. Прво имаше проблеми со коленото, потоа ги скина лигаментите и пропушти малтене цела година, а сега има мака со задниот бутен мускул.

Фофана е повреден цел декември, но првичните најави беа дека ќе се врати по пет седмици. Сепак, тренерот Енцо Мареска откри дека има пресврт во ситуацијата.

Весли Фофана ќе биде надвор од терените доста долго време. Постои ризик дека за него заврши сезоната. Првичните информации беа дека ќе паузира пет седмици, ама дополнителните тестови ни дадоа лоши вести. Не знаеме точно колку ќе паузира, ама ова е голем удар за нас“, откри Мареска.

Освен Фофана кој делува дека е „вечно“ повреден, надвор од терените до февруари ќе биде и Беноа Бадиашил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани