827
„Сините“ попладнево го потврдија трансферот на Јиса Алао од Шефилд Венздеј, талентираното 17 годишно момче е првото засилување во ерата на Лиам Росениор.
Лиам Росениор го доби првото засилување откако седна на клупата на Челси, но тешко дека играчот ќе може многу да помогне во продолжението од сезоната.
На „Стемфорд Бриџ“ пристигнува 17 годишниот Јиса Алао од Шефилд Венздеј, кој повеќе е играч за иднината.
За потписот на младото момче, „сините“ победија два ривали од Премиерлигата – Манчестер јунајтед и Ливерпул.