„Сините“ и нивната структура на повеќе клубови под една капа придонесе за нов чуден трансфер, овој пат жртва беше младиот Арон Анселмино, кој со солзи во очите си замина од Борусија Дортмунд.
Младиот Арон Анселмино на крајот од август пристигна во Борусија Дортмунд на позајмица до крајот на сезоната.
Аргентинецот беше задоволен од авантурата во Бундеслигата, но „сините“ имаа други планови, па овој месец решија да ја прекинат позајмицата и да го вратат во своите редови.
Но тој не се задржа многу во Лондон, веднаш беше испратен на нова позајмица во сестринскиот клуб Страсбур.
Па многумина се чудат зошто Челси повлече еден ваков чекор, особено што Арон Анселмино плачеше кога се збогуваше со соиграчите од Борусија Дортмунд.
Медиумите од Германија сега откриваат повеќе детали и ваквата одлука била донесена поради тоа што „милионерите“ многу го фалел младото момче.
Спортскиот директор Себастијан Кел во неколку наврати упати пофални зборови за Арон Анселмино и изрази желба да го задржи на подолг рок. На директорите од „Стемфорд Бриџ“ не им се допаднало ова, па на три часа пред да истече опцијата, ја активирале клаузулата и го вратиле дефанзивецот и покрај тоа што за него во овој момент нема место во тимот.
ФОТО: X/Chelsea FC