Челси дури по продолжение го победи Рексам, сините триумфираа со 4-2 за пласман во четвртфиналето од ФА Купот, но многу малку требаше за изненадување од холивудски размери.
Рексам е клубот на славните глумци Рајан Рејнолдс и Роб Мекeлени, двајцата денеска беа на трибините и видоа одлично издание на нивниот тим и покрај тоа што беа елиминирани.
Тимот од Чемпионшип поведе со гол на Смит во 18. минута, Оконво си постигна автогол пред крајот на првото полувреме за 1-1.
Во 78. минута Дојел даде гол за ново водство на Рексам, но само четири минути подоцна Челси изедначи со погодок на Ачемпонг.
Пред крајот на регуларниот тек Добсон кај Рекасам заработи црвен картон, помалиот тим остана и со играч помалку.
Тоа го искористи Челси и преку Гарначо во шестата минута од продолжението донесе водство од 3-2 за сините.
Во 114 минута третпат се израдуваа навивачите на Рексам откако Брунт даде гол, но погодокот беше поништен поради офсајд со помош на ВАР.
Конечните 4-2 за Челси ги постави Жоао Педро во 124 минута.