Чеферин: УЕФА никогаш нема да дозволи Суперлига!

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, уште еднаш јасно го потврди ставот против формирањето на европската Суперлига. Тој изјави дека управното тело на европскиот фудбал никогаш нема да создаде или поддржи ексклузивно натпреварување кое би ги одвоило елитните клубови од останатите.

Европа ги поставува стандардите во светскиот фудбал и токму затоа постои напад однадвор за преобликување на играта. Промените се дел од фудбалската приказна – тоа го знаеме многу добро, но трајната вредност доаѓа само од единството, рамнотежата и силата на сите, а не само на неколкумина“, изјави Чеферин.

Тој потсети дека по кризата со Суперлигата, УЕФА го реформираше и прошири форматот на Лигата на шампионите, со цел натпреварувањето да остане инклузивно и достапно за сите. „Никогаш нема да организираме лига само за 12 клуба. УЕФА сака секој тим да има шанса да го оствари својот сон“, порача првиот човек на европскиот фудбал.

Идејата за Суперлига беше претставена во 2021 година од страна на 12 европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид, Јувентус, Барселона и шест клуба од Премиерлигата. Иако проектот пропадна по големите реакции на навивачите и јавноста, дел од иницијаторите сè уште се залагаат за негово оживување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×