Чеферин испрати порака пред натпреварот помеѓу Србија и Албанија

by Стефан
1 минути читање

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, се огласи пред престојниот квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Србија и Албанија, кој ќе се одигра на 11 октомври од 20.45 часот.

Со оглед на чувствителноста на овие дуели и честата злоупотреба за политички пораки, Чеферин испрати апел за смирување на тензиите и потсети дека спортот треба да носи единство, а не поделби.

„Мојата порака, не само за овој меч, туку за сите е дека фудбалот и спортот треба да ги спојат луѓето, а не да ги раздвојат. Треба да се ослободиме од одредени идиоти кои го користат фудбалот за своите апсурдни мисли. Тие не го сакаат фудбалот, туку се сакаат само себе“, порача Чеферин.

Во групата „К“, Англија е лидер со максимални 15 бодови, зад неа е Албанија со осум, додека Србија заостанува со еден бод помалку. Летонија има четири поени, а Андора останува единствената без бодови. Според најавите дуелот помеѓу Србија и Англија нема да биде одиграан во Белград, а како опција се споменува Лесковац.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×