Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона, Чави особено го цени Луј ван Гал и довербата која стратегот му ја укажал.,
По разделбата со Барселона, Чави малку се дистанцираше од јавноста и ретко излегува со изјави и коментари.
Шпанецот сега седна на интервју со „Франс Фудбал“, говореше на многу теми и ја искористи оваа прилика да му се заблагодари на Луј ван Гал.
„Бев ситен фудбалер, ниту бев силен, ниту бев брз. Но стилот кој го наметна Кројф ми одговараше перфектно на квалитетите кои ги имав“ – вели Чави.
„Јас играв со мозок, најсилна страна ми беше тоа што забележував отворен простор и каде треба да ја протнам топката“.
„Многу сум им благодарен на сите тренери кои ми ја вметнаа оваа филозофија, но особено морам да го напоменам Ван Гал. Тој навистина веруваше во мене и ми кажа дека имам неверојатен талент“.
„Толку многу веруваше во мене, што едно време тој веруваше повеќе отколку што јас верував во самиот себе“.