Чави веќе ја одбил првата понуда

by bojan
1 минути читање
Чави

Како што пренесува АС, Чави веќе ја одбил првата понуда и кажал НЕ на предлогот да стане селектор на Јужна Кореја

Чави минатата недела доби отказ од Барселона, но стратегот можел многу брзо да му се врати на фудбалот.

Како што пренесува АС, Чави добил понуда да стане селектор на Јужна Кореја, но го одбил предлогот, неговата намера е да одмори една година.

Ова не било единствената понуда, кога во јануари Чави соопшти дека заминува од Камп Ноу по крајот на сезоната, кратко потоа бил контактиран од Жорди Кројф и му била понудена можноста да стане нов тренер на Ајакс.

АС исто така додава дека изминатиов период, Манчестер јунајтед и Милан оствариле контакт со Чави, но разговорите биле само информативни.

Во меѓувреме, Барселона соопшти дека се финиширани сите формалности околу разделбата со Чави и неговиот персонал, со ова се отстранија сите пречки за именување на Ханси Флик за нов тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани