Чаби Алонсо замина од Реал Мадрид, кралскиот клуб има нов тренер!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид ја соопшти разделбата со Чаби Алонсо која доаѓа по поразот од Барселона во финалето од шпанскиот Суперкуп.

Чаби Алонсо повеќе не е тренер, шпанскиот стратег не издржа ни една цела сезона, Реал Мадрид официјално го соопшти неговото заминување.

„Реал Мадрид соопштува дека со взаемна согласност меѓу клубот и Чаби Алонсо беше одлучено негово време како тренер на првиот тим да заврши“, стои меѓудругото во соопштението на клубот кој му се заблагодарува на него и на стручниот штаб кој исто така заминува.

„АС“ пишува дека наводно Алонсо самиот побарал да замине, но малкумина веруваат во тоа.

За нов тренер е назначен Алваро Арбелоа. Тој беше тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×