Новинарот Еду Агире вели дека Чаби Алонсо врти нов лист од август, стратегот повеќе нема да биде фин и секој што нема да работи доволно ќе биде седнат на клупа, без разлика за колку голема ѕвезда и да станува збор.
Тешкиот пораз од ПСЖ со 4-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство му покажа на Чаби Алонсо дека го чека многу работа за да скрои тимот на Реал Мадрид по негов вкус.
„Кралевите“ сега одат на одмор, а кога ќе се вратат на подготовките за новата сезона, работите нема да биде исти како до сега – Чаби Алонсо врти нов лист.
Како што пренесува новинарот Еду Агире, стратегот повеќе нема да биде фин и секој што нема да работи доволно ќе биде седнат на клупа – без разлика дали тоа се ѕвезди од типот на Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем или некој друг.
„Чаби Алонсо има карактер и од август месец нема да се штеди. Тие што ќе работат напорно ќе играат, тие што нема да работат напорно ќе седат на клупа. Повеќе нема да биде фин“ – вели тој во емисијата „Ел Чирингито“.
Се верува дека стратегот за ова има поддршка и од Флорентино Перез, самиот претседател ќе интервенира за ѕвездите како Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор да го тргнат егото на страна и да повеќе да работат во правец на доброто за тимот.