375
Медиумите од Шпанија пренесуваат за нова тензија во соблекувалната на Реал Мадрид поради одлуката на Чаби Алонсо да се преспие во Билбао во пресрет на пресметката со Атлетик.
„Кралевите“ денеска го играат шестото гостување во низа (две во Лигата на шампиони и четири во домашното првенство), а за пресметката на „Сан Мамеш“, Чаби Алонсо донесе одлука која не помина добро во соблекувалната.
Стратегот реши експедицијата на Реал Мадрид да патува ден пред натпреварот и да преспие во Билбао и покрај тоа што летот е само еден час.
На дел од фудбалерите не им се допаднало ова, кои сметаат дека треба да добијат екстра ден со семејствата, особено сега пред божиќните и новогодишните празници.