Чаби Алонсо си замина, со Арбелоа на клупата се врати и „ѓаволот“ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Алваро Арбелоа денеска го предводеше тренингот на првиот тим на Реал Мадрид, а покрај него беше и едно добро познато лице – кондициониот тренер Антонио Пинтус.

За отказот на Чаби Алонсо се наведуваат неколку причини, во прв план се посочува односот со ѕвездите како Винисиус Жуниор, Џуд Белингем и Феде Валверде, но едно од несогласувањата помеѓу стратегот и раководството е физичката подготвеност на играчите и честите повреди.

Чаби Алонсо на „Бернабеу“ пристигна со сопствен тим на тренери, а клубот од него побара да најде улога и за Луис Љопис и Антонио Пинтус.

Тој даде зелено светло за Љопис (тренер на голмани), но инсистираше за фитнесот на фудбалерите да биде задолжен Исмаел Каменфорте.

Но сега со отказот на Чаби Алонсо, веднаш беше коригирано ова, и на денешниот тренинг, покрај Алваро Арбелоа, се појави и Антонио Пинтус.

Антонио Пинтус беше човек од доверба и на Зинедин Зидан и на Чаби Алонсо. Кондициониот тренер помеѓу играчите е познат и како „ѓаволот“ поради напорните подготовки и стрес-тестови под негова палка.

Се очекува тој повторно да има големо влијание и да биде еден од луѓето од доверба во персоналот на Алваро Арбелоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×