Пораз од Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе значи отказ за Чаби Алонсо, Реал Мадрид на ум ги има Зинедин Зидан и Јирген Клоп како опции за нов тренер.
Убедливата победа од 3-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао донесе малку мир за Чаби Алонсо, но „кралевите“ синоќа одново разочараа и поразот од Селта ги отвори старите рани.
Се чини дека Чаби Алонсо никако да ја задржи соблекувалната на своја страна, стратегот е под голем притисок и како што објави „Ел Мундо“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите може да му пресуди.
Весникот вели дека раководството на Реал Мадрид имало состанок посветен само на иднината на младиот стратег, па доколку „крлевите“ разочараат против шампионот на Англија, Чаби Алонсо ќе добие отказ.
„Ел Мундо“ исто така открива дека Флорентино Перез и неговите соработници на ум имаат две имиња кога е во прашање наследникот на Чаби Алонсо, а тоа се Зинедин Зидан и Јирген Клоп – имиња што одамна кружат меѓу навивачите.