Чаби Алонсо предупредил тројца играчи на Реал: Или ќе се подобрите, или ќе си барате нов клуб!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чаби Алонсо испратил предупредување до Родриго, Брахим Диаз и Раул Асенсио, ќе мора значително да го подигнат нивото доколку сакаат да останат на „Бернабеу“.

„Кралевите“ се на пауза до почетокот на август, но Чаби Алонсо знае дека го чека многу работа за да ги коригира проблемите кои се провлекуваа цела сезона.

Како што пренесува Марка, фудбалерите веќе знаат каква улога ќе имаат и што се очекува од нив.

Весникот вели тројца фудбалери се нашле на тапет и им било кажано дека ќе треба да понудат многу повеќе.

Родриго, Брахим Диаз и Раул Асенсио ќе мора да го подигнат нивото и да прикажат подобри перформанси, или ќе треба да си бараат нов клуб.

Чаби Алонсо исто така разговарал и со Андриј Лунин, Фран Гарсија и Ферланд Менди – на овие тројца им било кажано дека ќе имаат ограничена минутажа во новата сезона, па доколку ова не им одговара, имаат одврзани раце да направат трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×