Чаби Алонсо наброја три причини зошто Хујсен не требал да добие црвен картон (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо смета дека Дин Хујсен требал да добие само жолт картон, а не црвен, наброја три причини зошто судијата погрешил.

Реал Мадрид со три бода си замина од гостувањето кај Реал Сосиедад, „кралевите“ повеќе од еден час играа со играч помалку откако Дин Хујсен доби црвен картон.

Ова беше еден од контроверзните моменти на мечот, судијата Хил Манзано не се двоумеше многу, а не беше корегиран ниту од ВАР собата.

Но Чаби Алонсо не се сложува со одлуката, стратегот веднаш се побуни и заработи жолт картон, а по крајот на натпреварот, на средбата со новинарите, наброја три причини зошто судијата погрешил.

„Според мене, требаше да добие само жолт картон. Како прво, Милитао беше близу, како второ, беа 40 метри далеку од голот, и како трето, Ојаразбал немаше контрола врз топката. Ова е мојата интерпретација на тоа што се случи. Го мислев истото долу на теренот, го мислам и сега“ – вели Чаби Алонсо.

„Побарав објаснување од судијата, и тој не ме убеди со она што ми го кажа“.

„Од тој момент, текот на натпреварот беше променет“.

Во 32. минута од натпреварот, Реал Сосиедад неочекувано тргна во контра, а Хујсен од зад грб го повлече Ојарзабал без намера да игра со топката.

Дали овој потег е за црвен картон, проценете сами.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×