Чаби Алонсо му дава нова улога на Давид Алаба во Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Давид Алаба би можел да добие нова улога во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Австрискиот репрезентативец идната сезона можно е да биде користен како играч за врска, позиција на која настапи на пријателскиот меч со Леганес (4-1) откако влезе од клупата.

33-годишниот Алаба и претходно има искуство во средниот ред, играјќи на оваа позиција во дресот на Баерн Минхен, кога Чаби Алонсо му беше соиграч. Во Реал Мадрид пристигна како лев бек, но најчесто настапуваше како централен дефанзивец, каде се наметна како сигурен избор.

Напредокот на Асенсио, ангажманот на Хујсен и враќањето на Милитао од повреда, според „Марка“, се главните причини поради кои Алонсо размислува да го користи Алаба во средниот ред на одредени натпревари следната сезона.

Австриецот минатата сезона ја пропушти речиси целосно поради тешка повреда, враќајќи се дури во завршницата од првенството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×