Чаби Алонсо и понатаму го сака засилувањето кое го побара од Перез и пред шест месеци

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо признава дека и понатаму бара креативец од средниот ред, но одби да говори за конкретни имиња.

Една од желбите на Чаби Алонсо пред почетокот на новата сезона беше ангажман на фудбалер од средниот ред, но Флорентино Перез одби да му ја исполни.

Првиот дел од сезоната покажа дека токму овој дел од тимот, или креативноста е проблем, па на денешната средба со новинарите, тренерот на Реал Мадрид говореше за можноста да пристигне ново име во зимскиот преоден рок.

„Наша обврска е секогаш да бидеме будни и внимателни и да следиме што се случува, иско сме задоволни од тимот“ – вели Чаби Алонсо.

Запрашан конкретно за ангажман на плејмејкер, тој додаде: „Работам со тимот што ми е на располагање, и моја обврска е да го извлечам максимумот од секој играч. Се уште сме во фаза на градење, со подеми и падови. Но секако дека секогаш мислими и на тоа како да го подобриме тимот, иако сега не би сакал да говорам за конкретни имиња“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×