Четворица кандидати за нов тренер на Милан, кој ќе биде наследникот на Џанпаоло?

by
1 минути читање

Милан синоќа изгледаше немоќно против Фиорентина, фановите на росонерите со свирежи го искажаа своето негодување од актуелната ситуација со тимот.

Иако јавно Милан му дава поддршка на Џампаоло, „Газета дело Спорт“ тврди дека на стратегот му се спрема отказ.

Весникот пишува дека еден од кандидатите е Клаудио Раниери, кои од Радио Уно беше запрашан за можноста да седне на столчето на Милан.

„Најпрво би сакал Џампаоло да ги покаже сите свои квалитети. Се надевам дека ќе најде решение за Милан. Ситуацијата не е едноставна. Што се однесува до мојата иднина, најважна работа е проектот да е добар“, изјави Раниери.

Руди Гарсија е вториот кандидат кои го посочуваат италијанските медиуми.

Тука е и Андриј Шевченко, некои тврдат дека Милан веќе стапил во контакт со него, но тој има обврски со репрезентацијата на Украина и нејасно е дали би заминал од таму. А можеби би седнал и на две столчиња, но тешко дека двете страни би се сложиле за такво нешто.

Како една од опциите се споменува и Арсен Венгер кој е без работа откако го напушти Арсенал, а во неколку наврати кажа дека повторно би работел како тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×