Четворица фудбалери на Реал Мадрид испишаа нова историја по триумфот над Борусија Дортмунд на „Вембли“, Начо, Карвахал, Модриќ и Крос сега можат да се пофалат со по шест титули во Лигата на шампиони.
„Кралевите“ стигнаа до нова титула во Лигата на шампиони откако вечерва со 2-0 ја совладаа Борусија Дортмунд во финалето.
Триумфот на „Вембли“ значеше испишување на нова историја, па четворица фудбалери на Реал Мадрид му се придружија на Франсиско Хенто, како единствените кои имаат по шест титули во најелитното европско натпреварување.
Со ваков успех сега можат да се пофалат Дани Карвахал, Начо Фернандез, Лука Модриќ и Тони Крос.
Првите тројца, сите шест титули ги освоија во белиот дрес, додека пак Германецот има една со Баерн Минхен, и пет со Реал Мадрид.