Четирите засилувања кои се приоритет за Барса и Валверде

by
2 минути читање

Ернесто Валверде
оваа недела беше презентиран како нов предовник на „Каталонците“ и 53 годишниот
стратег сега треба да го „освежи“ тимот на Барса.

Според пишувањата
на Спорт, четири засилувања се приоритет ова лето.

Нов десен бек и
фудбалер од средниот ред се први на листата.

Со заминувањето
на Дани Алвеш настана дупка која ниту Серхи Роберто ниту пак Алеш Видал не
успеаја да ја пополнат.

Ектор Бељерин од
Арсенал е прва желба, а како алтернативни се Нелсон Самедо од Бенфика, и Сезар
Азпиликета
од Челси.

Кога е во прашња
средниот ред, Марко Верати од ПСЖ и Филипе Кутињо од Ливерпул се двете имиња
кои најчесто се поврзуваат со Барса.

Но во последно
време кружи и името на Андер Ерера од Манчестер јунајтед, кого Ернесто Валверде
добро го познава.

Спорт додава дека
ќе се купува и нов централен дефанзивец, но веројатно тоа ќе биде млад играч
кој нема веднаш да биде „фрлен во оган“, па Пике и Умтити ќе продолжат во
срцето на одбраната.

Давидсон Санчез
од Ајакс и Јери Мина од Палмеирас се на листата со желби.

Барса исто така
ќе бара и нов играч од форот, кој ќе може да направи промена од клупата и да
реши натпревар.

Едно име е
особено во фокусот, Жерард Деулофеу, кој требаше да биде следната голема ѕвезда
од „Ла Масиа“, но никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим и беше испраќан
на позајмици во Евертон, Севиља и Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани