Четири сценарија за сезоната во Примера, во две од нив, нов шампион на Шпанија е Барселона

by
1 минути читање

Денеска, Фудбалската
федерација на Шпанија на состанок со Ла Лига и Асоцијацијата на фудбалери
одлучи сезоната да биде суспендирана и следните две кола да не се играат.

Но првиот човек
на ФФИ, Луис Рубиалес исто така призна дека разгледуваат сценарија во случај
првенството да не може да продолжи поради епидемијата на коронавирус, или пак
не можат да се одиграат сите натпревари.

Според пишувањата
на АС, во игра се четири сценарија, и во две од нив, нов шампион на Шпанија е
Барселона.

Според првото
сценарио, УЕФА треба да го помести Европското првенство, со што ќе се отвори
простор да се играат натпревари до јуни месец. Европската куќа на фудбалот во
вторник ќе одржи состанок на кој ќе одлучи што ќе се случи со Лигата на шампиони,
Лига Европа и ЕВРО 2020.

Второто сценарио
е сезоната да се поништи, нема да биде прогласен шампион, ниту пак екипи ќе
испаднат во понизок ранг.

Според третото
сценарио, сезоната ќе заврши со моменталниот распоред на табелата, со што Барселона
ќе биде шампион, Реал Мадрид, Севиља и Реал Сосиедад ќе играта во Лигата на
шампиони, Хетафе и Атлетико во Лига Европа а Мајорка, Леганес и Еспањол ќе се
преселат во втора лига.

Четвртото сценарио
вели шампион да биде оној кој бил прв на табелата по одигрување на првиот дел од
сезоната, односно по 19 кола. Во ваков случај, Барса пак е шампион, ќе има ист
број на бодови со Реал Мадрид (40) но подобра гол разлика. Атлетико Мадрид и Севиља ќе играат во Лигата на шампиони, а Хетафе и Реал Сосиедад во Лига Европа. Во Секунда ќе завршат Мајорка, Леганес и Еспањол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×