Четири погодока, шанси, голема борба и возбуда до последните секунди, Арсенал и Тотнем ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уште една пресметка помеѓу Арсенал и Тотнем донесе вистинско уживање за фудбалските љубители. Гостите имаа водство од 0-2, Арсенал се врати во игра и потоа двете екипи имаа свои шанси да ги однесат трите бода.

Резултатот беше отворен по десет минути игра, „спарси“ тргнаа во контра, Лено го одбрани ударот на Ламела, но до одбиената топка прв стигна Ериксен и Данецот погоди за 0-1.

Во 40. минута следеше нов студен туш на Емирати, судијата покажа на белата точка а Кејн беше сигурен реализатор на најстрогата казна за 0-2.

Сепак, Арсенал успеа да постигне еден гол пред крајот на првиот дел. Лаказет одлично се снајде и биеше неодбранливо за 1-2.

„Топчиите“ потоа во воторото продолжение притиснаа и во 71. минута стигнаа до изедначување преку Обамејанг. Домаќините и по трет пат ја затресоа мрежата, Сократис мислеше дека донесе комплетен пресврт, но голот беше поништен поради офсајд.

До крајот на мечот и двата тима имаа свои прилики, но мрежите мируваа и бодовите беа поделени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×