Премиерот на Италија, Џузепе Конте рече дека на 4. мај може да се почне само со индивидуални тренинзи, а министерот за спорт Винченцо Спадафора предупреди дека владата ќе ја сопре сезоната ако Фудбалската федерација не ги почитува мерките кои се на сила поради коронавирусот.
Претседателот на регионот Емилија Ромања, Стефано Боначини потпиша решение со кое им дава дозвола на спортистите да тренираат од 4 мај но тренинзите мора да се на отворено и да се почитува мерката за физичка оддалеченост.
Тоа значи дека екипите на Болоња, Парма, СПАЛ и Сасуоло и официјално може да почнат со тренинзи но тие не смеат да бидат групни.
Се очекува наскоро и другите реони да го следат овој пример и да им дадат дозвола на екипите да почнат со тренинзи.
Емилија Ромања се наоѓа на оддалеченост од 200км од Ломбардија која е епицентарот на коронавирусот во Италија.
Емилија Ромања е втор регион со најмногу жртви на Ковид-19, но е зад Ломбардија и Пиедмонт кога активните случаи се во прашање.