Избраниците на
Благоја Милевски денес го одработија тренингот во Бидгошч пред тргнувањето во
базата во Сопот.
Според
информациите кои се објавени на официјалниот сајт на Фудбалската Федерација на
Македонија, се вели дека фудбалерите кои настапија против Србија имаа
релаксирачки тренинг, додека другите работеа со полн интензитет.
Со ова, извесно е
дека ќе се реализираат најавите на селекторот Милевски за промени во
претстојниот меч против Португалија предвиден да се одигра во петок во терминот
од 20 часот и 45 минути во третото и последно коло од групата „Б“ на Европското
првенство во Полска за фудбалери до 21 година.
Во истиот термин
се среќаваат и Србија и Шпанија, на табелата Шпанија е лидер со максимални 6
бода, следи Португалија со 3, додека Србија и Македонија се на делба на второто
место со по еден освоен бод, токму од меѓусебната пресметка во второто коло каде
резултатот беше 2-2.
ТИМОТ СО
ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДАРКО ВЕЛКОВСКИ
Денес
дефанзивецот Дарко Велковски го прослави својот 22. Роденден, имаше простор за
радост и прослава по изненадувањето кое му го приреди целиот тим од
репрезентацијата.
Фотогалерија:
ffm.mk