1,5K
Денеска Косово ја пречекува Чешка во квалификациски натпревар за Европското првенство 2020.
Во пресрет на мечот косовската полиција приведе осум гостински навивачи кои наводно планирале да пуштат дрон над стадионот „Фадил Вокри“ со порака „Косово е Србија“.
Групата која била уапсена во Урошевац се состоела од шест мажи и две жени, тие покрај чешкото, имале и српско државјанство.
Сите се во притвор и одземен им е материјалот.
Пред неколку години албански навивачи пуштија дрон во Белград на мечот меѓу Србија и Албанија со картата на голема Албанија. Ова требало да биде некој вид на одмазда за тој инцидент.

