Ливерпул потврди
дека фудбалерот од средниот ред Алекс Окслејд-Чемберлејн ја продолжи
соработката со клубот откако потпиша нов договор на подолг рок.
Премиерлигашот
денеска и официјално објави за постигнатиот договор со Чемберлејн, кој на „Енфилд“
се обврза на верност до 2023. година, самиот тој вели дека е возбуден од тоа
што преговорите завршиле успешно.
„Јас сум
навистина возбуден, извесен период ова беше неизвесно, меѓутоа убаво е што
конечно работата заврши на ваков начин и го продолжив мојот престој тука,
подготвен сум за предизвиците кои претстојат“ рече Чемберлејн по потписот на
новиот договор со европскиот првак.
„Чувствувам на
себе дека пропуштив цела година, што всушност и се случи, така навистина сево
ова е возбудливо за мене што бев во можност да потпишам нов договор, ова го
чувствувам како можност да постигнам нешто што година претходно не можев да го
остварам и да надоместам за загубеното време“ додаде тој откако оваа сезона се
враќа на големата сцена по големите проблеми со повредите од минатата сезона.