Челзи ќе остане „покус“ за 60 милиони евра поради Диего Коста

by
1 минути читање

Бразилецот со
шпански пасош не е дел од плановите на Антонио Конте и ова лето треба да си
најде нова средина.

Диего Коста не е
задоволен од начинот на кој му беше соопштено дека треба да замине (по смс порака), па планира
да му се одмазди на шампионот на Англија.

Тој не брза да
пронајде нов ангажман, и ваквото одолговлекување влијае и врз преговорите на
Челси за трансфер на Ромелу Лукаку.

Напаѓачот исто
така одлучил дека единствена дестинација е Атлетико Мадрид, и не сака да слушне
ниту една друга понуда.

Ваквиот развој на
настаните може да придонесе „Синтие“ да останат „покуси“ за околу 60 милиони
евра.  

„Колчонероси“
нудат само 25 милиони евра плус бонуси, што е три пати помалку од она што
клубовите од Кина беа спремни да го платат во јануари.

Во зимскиот
преоден рок, Челси на маса имаше понуда вредна околу 86 милиони евра од Тианџин
Куианџиан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани