Вчера во доцните
вечерни часови медиумите пренесоа дека Челси ја изедначил понудата на Манчестер
јунајтед со надеж дека сепак ќе успее да го ангажира Ромелу Лукаку.
Но овој обид е
залуден, „Црвените Ѓаволи“ утрово соопштија дека си подале рака со Евертон.
„Манчестер
јунајтед е задоволен што може да соопшти дека е постигнат договор со Евертон за
трансферот на Ромелу Лукаку” – гласи известувањето.
„Сега треба да се
договорат личните услови на играчот и тој да ги помине редовните лекарски
прегледи”.
Се очекува Ромелу
Лукаку лекарските прегледи да ги помине во Лос Анџелес, каде е на одмор со
добриот пријател Пол Погба, и во недела да се сретне со новите соиграчи откако
„Црвените Ѓаволи“ ќе пристигнат во Калифорнија за турнеата во САД.
Детали не се
откриваат, се верува дека Манчестер јунајтед за услугите на Ромелу Лукаку ќе
плати 75 милиони фунти, како и уште 15 милиони фунти во бонуси кои лесно ќе се
остварат.
Исто така Вејн
Руни, кој се проценува на околу 10 милиони фунти, ќе се врати во Евертон за без
пари.