Челси во офанзива, Марина доаѓа по Игуаин и Ругани

by
1 минути читање

Со недели се
пишува дека дуото на „Старата Дама“ е на врвот на листата со желби на Маурицио
Сари, кој го наследи својот сонародник Антонио Конте на жешкото солче на Стемфорд Бриџ.
Стратегот соработуваше со Гонзало Игуаин во Наполи а со Даниеле Ругани во
Емполи, добро ги познава и верува дека одлично ќе се вклопат во неговите
тактички замисли.

Според
информациите на „Калчомеркато“, Челси и Јувентус утре ќе имаат состанок на кој
„Сините“ ќе го презентираат својот предлог.

Иако се најавуваше дека Марина Грановскаја ќе пристигне во Италија, последните информации велат дека директорката од доверба на Роман Абрамович на Азурниот брег
ќе се сретне со спортскиот директор на „Старата Дама“, Фабио Паратичи.

„Калчомеркато“
шпекулира дека првата понуда на Челси ќе биде помеѓу 90 и 100 милиони евра за
двајцата играчи. Јувентус пак бара нешто повеќе и сака најмалку 60 милиони евра
за Гонзало Игуаин и околу 50 милиони евра за Даниеле Ругани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×