Утринава се појавија шпекулации дека Антонио Конте е незадоволен од инертноста на раководството на Челси кое не е активно на трансфер пазарот на почетокот од летниот преоден рок.
Се пишуваше дека Италијанецот е во расправија со раководството и е подготвен да си замине од Челси и покрај успехот кој го направи во минатата сезона.
Но, „Скај Спортс“ пишува дека Конте е среќен во Челси и нема вистина во пишувањата дека тој ќе го напушти Лондон.
Конте во моментов е на одмор и во Челси ќе се врати на почетокот од јули кога ќе започнат подготовките за следната сезона.
Се верува дека Конте на техничкиот директор Мајкл Еменало и директорката Марина Грановскаја им дал листа на желби од фудбалери кои ги сака во летниот преоден рок и Челси работи на нивно донесување.