Порто во 2016.
година направи одлична зделка со Галатасарај кога за близу 7 милиони евра во
своите редови го доведе Алекс Телеш, Бразилецот со Италијански пасош кој се
покажа како одлична инвестиција за португалскиот клуб.
Португалскиот
весник „А Бола“ пишувајќи околу неизвесноста со иднината на Телеш, наведува за
големата желба кај фудбалерот да игра на Островот, односно во Премиерлигата, а
од таму првичен контакт за евентуален трансфер веќе има од Челси.
Познато е дека
Челси има богата каса за засилувања во летниот преоден рок, а Телеш е помеѓу
неколкуте желби на Френк Лампард, па Порто има речиси невозможна мисија да го
задржи во сопствените редови по крајот на актуелната сезона, а воедно залудна е
идејата на Португалците тој да потпише нов договор со клубот.
Сепак, и покрај
одличната сезона на 17 годишниот лев бек, кој на 23 настапи успеа да постигне 8
погодоци, а зад своето име да запише и 5 асистенции, „А Бола“ вели дека дури и
во такви услови неговата откупна клаузула во висина од 40 милиони евра би била
проблем, алудирајќи на тоа дека можеби е висока.