Челси посакува да
го ангажира Дрис Мертенс од Наполи пред самиот крај на јануарскиот преоден рок,
известува „Скај Спортс Италија“.
Напаѓачот на
Наполи има само уште шест месеци од својот актуелен договор со италијанскиот
вицепрвак, а со самото тоа овој месец има можност да преговара со
заинтересираните клубови за неговите услуги.
Иако повеќе пати
белгискиот напаѓач се поврзуваше со можен трансфер во Интер, сепак, за него
сега доаѓа интерес од Премиерлигата, а Џанлука Ди Марцио тврди дека „Сините“ од
Лондон го посакуваат Белгиецот уште овој месец.
Со оглед на тоа
што шефот на стручниот штаб на Наполи, Џенаро Гатузо ја врати старата
формациска поставеност од 4-3-3, а во истиот негов систем го преферира Милик
како прв избор, не се исклучува можноста Мертенс да биде ослободен од обврските
кон клубот за одредено обештетување, за клубот да не остане со празни раце на
лето.
Мертенс е дел од
Наполи од 2013. година па наваму, стана вториот најдобар стрелец во историјата
на тој клуб со 118 постигнати погодоци.