Челси со истата понуда како и Јунајтед тргнува по Мората

by
1 минути читање

Шампионот
на Англија извиси во обидите да го ангажира Ромелу Лукаку, Жозе Мурињо и
Манчестер јунајтед изминатиов викенд го украдоа Белгиецот.

Па Челси веднаш се насочува кон
други цели, и според пишувањата на АС, „Сините“ се во преговори со Реал Мадрид
за Алваро Мората.

Клубот од Стемфорд Бриџ е
подготвен да плати 80 милиони евра за Шпанецот.

Оваа сума не беше дволна за Реал
и Манчестер јунајтед да си подадат рака, но според АС, Челси има многу подобар
однос со „Каралевите“, па можно е двата клуба во скоро време да се договорат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани