Според
информациите кои ги пренесува „Дејли Меил“, бранителот на титулата во
англиската Премиерлига, тимот на Челси и натаму води преговори со
минатогодишниот шампион Лестер околу Дени Дринквотер.
Меѓутоа,
преговорите и не течат баш така лесно помеѓу обата клуба, а причината е тоа што
Сините од Лондон нудат 10 милиони фунти помалку од бараната сума на Лестер,
која изнесува 40 милиони фунти.
Последната средба
помеѓу челниците на Челси и Лестер околу 27 годишниот репрезентативец на
Англија се случи изминатиов петок, останува да видиме како ќе течат преговорите
во периодот што претстои.
Од друга страна,
познато е дека италијанскиот стратег од клупата на тимот од Лондон, Антонио
Конте од поодамна е заинтересиран да ги засили редовите на Челси со Рос Баркли
од Евертон и Алекс-Окслејд Чемберлејн од Арсенал.