151
Како што пренесува Токспорт, Челси сака да продаде барем четворица играчи во зимскиот преоден рок, на трансфер листа ќе бидат Михајло Мудрик, Бен Чилвел, Аксел Дисаси и Беноа Бадијашиле.
„Сините“ изминатово лето прибраа речиси 200 милиони евра од продажба на играчи како Иан Матсен, Конор Галагер, Луис Хол, Ромелу Лукаку, Омари Хачисон и Анжело.
Но чистката на Стемфорд Бриџ нема да запре тука, се планираат нови продажби во јануари.
Како што пренесува Токспорт, прв на листа за отстрел е Михајло Мудрик, кој не ги оправдува инвестираните средства.
Примамливи понуди ќе се чекаат и за Бен Чилвел, Аксел Дисаси и Беноа Бадијашиле.