204
Натпреварот почна фантастично за Челси, по само пет минути игра Абрахам даде гол за водство од 1-0.
Сините го имаа мечот под контрола, создаваа повеќе шанси, а по десет минути игра во вториот дел преку Пулишиќ поведоа и со 2-0.
Во 79. минута по една глупост направија пенал, а Делофеу намали на 2-1 и го врати Ватфорд во игра.
Домаќините до последниот момент се обидуваа да се спасат од пораз, во 97. минута за малку голманот Фостер со глава ќе постигнеше гол, но Кепа го одбрани неговиот удар.