Челси потроши над 120 милиони фунти на леви бекови откако Ешли Кол си замина во 2014…

by
2 минути читање

Долги години, Ешли Кол беше главен на левата бековска позиција во Челси, и „Сините“ мака мачат откако Англичанецот си замина во 2014.

По него беа донесени три засилувања, а на прагот е да пристигне и четврто и тоа за рекордна сума.

Медиумите се погласно шпекулираат дека Алекс Сандро се сели во Лондон за 61 милион фунти.

Прв кој требаше да биде наследник на Ешли Кол беше Филипе Луис.

Бразилецот беше клучен играч на Атлетико Мадрид кога „Колчонероси“ во сезоната 2013/14 станаа шампиони на Шпанија.

Во тоа време Филипе Луис важеше за еден од најдобрите леви бекови во Европа и се пресели во Челси во зделка вредна околу 16 милиони фунти.

Но тој не се снајде најдобро во Премиерлигата, Азпиликета се промовираше во одлична алтернатива, па Фелипе Луис имаше ограничена минутажа и по крајот на сезоната се врати во Атлетико Мадрид.

Во 2015 Челси го купи Баба Рахман од Аугсбург за 21,7 милиони фунти.

Репрезентативецот на Гана важеше за еден од најперспективните млади играчи во Бундеслигата, но не успеа да се наметне во Челси.

Азпиликета одново уживаше поголема доверба, па по крајот на сезоната Баба Рахман беше испратен во Шалке на позајмица.

Минатото лето на Стемфорд Бриџ пристигна Маркос Алонсо од Фиорентина за 23 милиони фунти.

Многумина во Шпанецот гледаа како панично купување на крајот од преодниот рок, но играчот одлично се вклопи во формацијата 3-4-3 на Конте.

Беше стартер на 31 натпревар во Премиерлигат, постигна шест погодоци и забележа три асистенции.

Маркос Алонсо имаше одлична сезона, но Антонио Конте има други планови па побара нов лев бек ова лето.

Изборот падна на Алекс Сандро од Јувентус, и доколку се реализираат најавите, Челси ќе потроши над 120 милиони фунти на леви бекови откако Ешли Кол го напушти клубот во 2014.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани