Челси подготви 150 милиони за во јануари, идентификувани се неколку засилувања, се чека само ТАС да им ја прифати жалбата

by
1 минути читање

„Сините“ добија
забрана за регистрирање нови играчи во два преодни рока, па летоска не
пристигна ниту едно засилување на Стемфорд Бриџ. Сепак, ситуацијата може да се
промени во зимскиот преоден рок.

Доставена е жалба
до Судот за спортска арбитража и одлука ќе биде донесена на 20. Ноември. Челси
се надева на позитивен исход, и во исчекување на пресудата на ТАС, „сините“ имаат
подготвено 150 милиони фунти за настап на трансфер пазарот во јануари и имаат склопено листата со желби.

Различни весници
пишуваат за различни имиња, според Телеграф на радорот се Џејдон Санчо од
Борусија Дортмунд, Вилфред Заха од Крисал Палас, Муса Дембеле од Лион, Бен Чилвел
од Лестер и Нејтан Аке од Борнмут.

Најлесна зделка
од овие е онаа на Нејтан Аке, се верува дека Челси има опција да го врати
дефанзивецот во своите редови за 40 милиони фунти.

Сан и Дејли
Експрес додаваат дека на радарот е и Тимо Вернер од РБ Лајпциг, но напаѓачот
неодамна стави потпис на нов договор кој прилично ги компликува работите.

Френк Лампард
беше запрашан на оваа тема на синоќешната прес конференција, и тренерот на
Челси рече: „Ние секогаш се обидуваме да се подобриме доколку тоа е можно.
Доколку ни биде тргната казната, и доколку можеме да најдеме играчи кои се
подобри од оние кои ги имаме, или играчи за кои сметиме дека вредат да се купат, тогаш
секако дека ќе се случи нешто“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×