Челси по 16 години загуби на „Боксинг деј“, Лампард до неславно постигнување (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Френк Лампард
пред само неколку дена го надмудри Жозе Мурињо и го предводеше Челси до триумф
од 0-2 на гостувањето кај Тотнем. Но сето тоа се чини дека падна во вода откако
денеска „сините“ беа изненадени на Стемфорд Бриџ од Саутемптон.

Со головите на
Обафеми и Редмонд, „светците“ си заминаа со три бода и на Челси му го нанесоа
првиот пораз на „Боксинг деј“ по 16 години.

Новиот пораз пред
своите фанови значеше и неславно постигнување за Френк Лампард кој стана првиот
тренер по Вилаш Боаш (октомври-ноември 2011) кој забележал два порази едно по
друго на Стемфорд Бриџ. Ако се земе во предвид фактот дека „сините“ не
постигнаа гол на овие два меча, за последен пат имале ваква лоша серија дури во
далечната 1998 година).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×