Според „Мирор“, Челси оваа недела ќе ги ангажира Алекс Сандро од Јувентус и Бакајоко од Монако за вкупна сума од околу 100 милиони фунти.
Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ пишува дека Алекс Сандро веќе се договорил со Челси, а англискиот тим на Јувентус ќе му плати 61 милиони фунти за овој трансфер.
Се верува дека и ангажманот на играчот од средниот ред на Монако, Бакајоко ќе се случи во наредните неколку дена. Сумата која ќе ја плати Челси за него изнесува околу 37 милиони фунти.
Двата трансфери се пред реализација, сумите се речиси договорени, па во наредните неколку дена се очекува Алекс Сандро и Бакајоко да бидат промовирани како нови засилувања на Челси.
Откако Челси ќе го ангажира Бакајоко, многу веројатно е Матиќ да го напушти клубот, а како негова следна дестинација се посочува Манчестер јунајтед.